УЈП

Нема промени во оданочувањето на дознаките

19.12.2017 10:46

Според Управата за јавни приходи, предложените измени не претставуваат никаква промена на даночната политика, односно не претставуваат оданочување на дознаките на граѓаните. Практично се овозможува покомплетна евиденција на приливите...

Со предложените измени на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, се прави понатамошно усогласување со европското законодавство во делот на даночната евиденција.

Според Управата за јавни приходи, предложените измени не претставуваат никаква промена на даночната политика, односно не претставуваат оданочување на дознаките на граѓаните. Практично се овозможува покомплетна евиденција на приливите и зајакнување на борбата против даночното затајување.

Предмет на оданочување ќе бидат приливи по основ на извршена услуга, соопшти УЈП.