Пјонгјанг се откажува од дијалог со САД
Авторот на текстот во весникот на владејачката Работничка партија на Кореја, „Нодон синмун“ тврди дека Вашингтон сака да го искористи одбивањето за да создаде атмосфера за усвојување нова резолуција за санкции...

Северна Кореја го одби предлогот на САД за билатерални преговори поради нуклеарната програма бидејќи со нив, одговорноста за корејската криза се префрла врз Пјонгјанг.
Авторот на текстот во весникот на владејачката Работничка партија на Кореја, „Нодон синмун“ тврди дека Вашингтон сака да го искористи одбивањето за да создаде атмосфера за усвојување нова резолуција за санкции кон Северна Кореја во Советот за безбедност на ОН.
Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон пред неколку дена изјави дека се подготвуваат да преговараат со Северна Кореја „без претходни услови“.
