Манчевски: Отпуштања во администрацијата ќе нема, вработувања согласно потребите

19.12.2017 12:02

Tочниот број на администрацијата ќе се знае во март кога министерството законски треба да даде извештај за вкупниот број вработени...

Нема да има отпуштања во јавната администрација, а вработување ќе има согласно потребите, истакна министерот за информатичко општество Манчевски. Рече дека точниот број на администрацијата ќе се знае во март кога министерството законски треба да даде извештај за вкупниот број вработени.

Веќе има природен одлив од администрацијата, намален е бројот на вработени. Вработувања ќе има и мора да има. Ќе се соочиме со резултатите од анализата која ќе покаже дека немаме одредени кадри во администрацијата. Ние немаме инженери, градежни инженери, немаме архитекти, доволен број на правници. Немаме доволен број на висококвалификувани луѓе за да ги преземат раководните места во администрацијата, истакна министерот Манчевски.