Католичкиот Божик, 25-ти декември неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед
19.12.2017 12:39
25-ти декември (понеделник), првиот ден на Божик е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ, 25-ти декември (понеделник), првиот ден на Божик е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Божик.
