ЕВН училница

Дуално образование по германски терк во средното училиште „Михајло Пупин“

19.12.2017 13:13

Средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ во Скопје доби вредна донација. Нов кабинет што овозможува реализација на програмата за дуално образование според германски терк...

Наша амбиција е да го завртиме тркалото на образование, да го приближиме во насока на креирање образовен систем којшто пред сѐ треба да мотивира, селектира и на крај да генерира квалитет а тоа го правиме токму со проектот 20 - 20 - 20 рече директорот на средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“, Ефтим Пејовски.

„Ако сакате да бидете пилот многу малку е веројатно дека некој ќе ви даде авион да го пробате. Потребно е да одите на училиште да учите и по една година ќе бидете поканети на симулаторот на летови, а дури по две до три години ќе добиете вистински лет во вистински авион. Тоа е професионализам. Ова е она што го направивме тука, не може да бидете електромонтер и да одите веднаш уште првиот ден на терен“, им порача на учениците претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер.

За министерката за образование Десковска, ова е модел кој треба да го следат и други компании во земјава.

Проектот 20- 20- 20 ги следи принципите на таканареченото дуално стручно образование и обука што долги години е успешна приказна во Австрија, Германија и Швајцарија.

Ана Јосифоска- Тодоровска