Рочиште за случајот „Тарифа“
Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ во вредност од околу 4 милиони евра, а вредноста на причинетата штета, според СЈО, изнесува 456 илјади евра.

Поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски и неговите колеги Ненад Ѓорговски и Методиј Стоименовски седнаа на обвинителна клупа. Специјалното обвинителство ги гони за злоупотреба на службената положба.
Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ во вредност од околу 4 милиони евра, а вредноста на причинетата штета, според СЈО, изнесува 456 илјади евра.
Сите тројца во судница рекоа дека не се чувствуваат виновни и дека совесно работеле како што налагал законот.
