Груби: Адеми ќе биде заменик министер за образование

19.12.2017 14:24

Алијансата на Села не ја прифатила понудата за вицепремиер за реформи. Артан Груби од ДУИ тврди дека е затворено прашањето за составот на Владата.

Поранешниот вицепремиер Арбр Адеми ќе биде нов заменик-министер за образование, потврдуваат од ДУИ. Неврохирургот Венко Филипче е предлогог за прв човек на здравството. Алијансата на Села не ја прифатила понудата за вицепремиер за реформи. Артан Груби од ДУИ тврди дека е затворено прашањето за составот на Владата.

На Алијансата на Албанците и е понудено да ги предводи реформите, но, за жал, се бара нешто друго што не е дел од владината Програма, изјави Груби. Нагласи дека ситуацијата е решена- парламентарното мнозинство е стабилно и без и со партијата на Зијадин Села.