Олимписки зимски игри – Сочи 2014

Злато за боб дамите на Канада!

19.02.2014 23:33

Канаѓанките и дефинитивно го презедоа приматот во боб двосед. Кајли Хамфрис и Хитер Мојс по Ванкувер го освоија златниот медал и во Сочи.

Сепа, на четирите Олимпијадите на колку што се одржува женскиот боб најуспешни се Американките.

Нема „Игри“ на коишто не приграбија медал, овојпат сребрени беа Елена Мајерс и Лорин Вилјамс, а бронзени Џејми Гројбел и Аја Еванс за вкупно четири одличја за Соединетите Американски Држави.

По четирите трки Хамфрис и Мојс имаа само десет стотинки подобар резултат од Мајерс и Вилјамс иако првиот американски екипаж постави рекорд на патеката, 57:26. Третопласираните Гројбел и Еванс беа за секунда побавни од новите олимписки шампионки.