Во март ќе се знае бројот на административците
Нема да има отпуштања во јавната администрација, а вработување ќе има согласно потребите, изјави министерот за информатичко општество и администрација Манчевски. Со УНДП промовиран проектот „Една точка за услуги“ од кој се очекува да овозможи пружање 40 различни услуги на државните институции на едно место.

Бројот на административци ќе се знае во март идната година, кога ќе бидат завршени анализите на Министерството за информатичко општество. Ресорниот министер Манчевски најави дека нема отпуштања, а ќе се вработува според потребите. Манчевски смета дека во јавната администрација недостига висококвалификуван кадар.
Со цел подобрување на услугите на јавната администрација беше промовиран проектот „Една точка на услуги“ како прва фаза од Центарот за услуги. Граѓаните со различни ставови за квалитетот на услугите.
Во насока на реформите на јавната администрација, Министерството за информатичко општество потпиша меморандум за соработка со канцеларијата на УНДП во земјава.
Дијана Ценевска
