Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија работата на Советот на Град Скопје

19.12.2017 14:58

Власта води политичка одмазда, рече Маневски. Претседателот на Советот, откако истече времето за процедуралната забелешка, му го одзеде зборот, а службите ги исклучија микрофоните.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Град Скопје ја напуштија работата на Советот во знак на протест, како што рекоа, за незаконското притворање пратеници и други лица.

Власта води политичка одмазда, рече Маневски. Претседателот на Советот, откако истече времето за процедуралната забелешка, му го одзеде зборот, а службите ги исклучија микрофоните.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека попладнето од 17 до 18 часот ќе го блокира граничниот премин Табановце на Македонско- српската граница.