Трајковска- Лазарова: Мора да се почитува слободата на изразување
„Мора да се почитува слободата на изразување. Јасно се пропишани случаите кога државата може да ја ограничи“, порачува поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Мирјана Трајковска- Лазарова. Промовирана нејзината публикација на оваа тема...

Поранешната судијка во Европскиот суд, Мирјана Лазарова - Трајковска вели оти е горда на пресудата за предметот „Селмани и други“ против Македонија. Посочи дека новинарите биле спречени да ја известат јавноста која има право и на информации што ја шокираат, и да покренуваат дебата од јавен интерес. Мора да се почитува слободата на изразување, порачува Лазарова- Трајковска.
Евроамбасадорот во земјава, Самуел Жбогар посочи дека публикацијата е од огромно значење за сите.
24-ти декември 2012-та е тажен ден за демократијата и за слободата на изразување- рече францускиот амбасадор Тимоние, а претседателот на ЗНМ, Селмани посочи дека новинарите треба да се информираат каде се лимитот на слободата на изразување.
Селмани повтори дека институциите треба да си ја преземат одговорноста за овозможување на слободата на изразување.
Фиљана Кока
