Законот е добар, проблем е молкот на администрацијата
Законот е добар, проблем е молкот на администрацијата- ова е главниот заклучок од дебатата за пристапот до информации од јавен карактер. Побарана одговорност за непостапување и покуси рокови за одговор. Предлозите до Владата треба да се достават до 15-ти јануари...

Промена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и поголема транспарентност- побараа новинарите и граѓанските организации.
Предлагаат институциите да одговараат во пократок рок и да има одговорност за непостапување по барањата. Од Центарот за граѓански комуникации рекоа дека годишно поднесуваат до 1.000 барања, на 70 насто од нив добиваат одговор, но процентот се намалува ако поднесоците се од новинари.
„Законот е добро поставен, но во реалноста слабо функционира. Мора прецизно да се дефинира што е класифициран документ“, смета министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.
Поповски побара сите предлози до 15-ти јануари да бидат доставени до Министерството за правда, за да бидат организирана работна група.
Наташа Јанчиќ
