Конструктивна, но тензична атмосфера на Советот за реформи во правосудството

19.12.2017 16:31

Во конструктивна, но тензична атмосфера поминал состанокот на Советот за реформи во правосудството. Договорено е формирање на Комисија која ќе ги бара законските можности за обнова на постапките во кои е евидентно дека се кршеле човековите права. На следниот состанок ќе се дефинираат и групите кои ќе работат на измените на законите од оваа област...

Се формира Комисија која ќе ги разгледува опциите за обнова на постапките во кои има индиции за кршење на човековите права. Ваква одлука донесе Советот за реформи во судството. Работната група е составена од професори, судии и обвинители. 

На следниот состанок ќе се расправа и за составот на групите кои ќе работат на законските измени. Телото засега заседава во непроменет состав.  Министерот за правда, односно неговиот заменик и натаму ќе бидат членови.

До крајот на месецот, Советот треба да ги дефинира правилата на работа. Како што појаснија членовите, ќе заседаваат почесто за што поскоро да бидат евидентни резултатите од нивната работа. 

 

Анита Димитријевска