Вучиќ: Русија е стратешки партнер на Србија
Им се заблагодари и за цврстата поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Србија, наведувајќи дека Белград е цврсто определен за понатамошен развој на политичките односи со Русија...

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Москва се сретна со рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин, со кого разговараше за стратешкото партнерство на двете земји, енергетиката, поддршката на Русија во однос на прашањето за Косово, ситуацијата во регионот, како и за економската соработка.
Им се заблагодари и за цврстата поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Србија, наведувајќи дека Белград е цврсто определен за понатамошен развој на политичките односи со Русија врз темели на стратешко партнерство и подготвеност на двете страни за нивно продлабочување во сите области.
