Високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат за нетранспарентност во процесот за избор на претседател

19.12.2017 16:51

На отвореното писмо до јавноста се потпишани дел од основачите на партијата: Борис Змејковски, Владо и Дијана Транталовски, потоа Трајко Вељановски, Антонијо Милошоски, Илија Димовски, Крсто Јовановски, екс-градоначалници, поранешната министерка Марта Арсовска - Томовска.

Високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ обвинија за нетранспарентност во процесот за изборот на претседател на партијата. На отвореното писмо до јавноста се потпишани дел од основачите на партијата: Борис Змејковски, Владо и Дијана Транталовски, потоа Трајко Вељановски, Антонијо Милошоски, Илија Димовски, Крсто Јовановски, екс-градоначалници, поранешната министерка Марта Арсовска - Томовска.

Тие побараа конгресот да се одложи за февруари, а дотогаш со партијата да раководи колективно тело со три до пет члена. Предлагаат и да се зголеми бројот на делагати на пет илјади луѓе.

„Сакаме да спроведеме Конгрес кој што нема да ја има хипотеката на демократски дефицит и нелојална конкуренција при изборот на претседател. Информациите од членството на терен говорат дека во спроведување на процедурата за избор на претседател на ВМРО-ДПМНЕ има еден кандидат кој е очигледно фаворизиран, помогнат и поддржан од целокупната партиска инфраструктура на републичко ниво“, се вели меѓудругото во писмото.