Владата го утврди законот за ратификација на Договорот со Бугарија

20.12.2017 08:58

Предлог- законот ќе биде доставен до Собранието на Република Македонија. Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, го потпишаа премиерите на двете земји Зоран Заев и Бојко Борисов на 1-ви август годинава во Скопје.

Владата на вчерашната седница го разгледа и утврди Предлог-законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Како што информира владината прес-служба, Предлог-законот ќе биде доставен до Собранието на Република Македонија.

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, го потпишаа премиерите на двете земји Зоран Заев и Бојко Борисов на 1 август годинава во Скопје.

Договорот ќе стапи во сила откако ќе биде ратификуван во парламентите на двете земји.