Повреден полицаец, приведен демонстрант
ВМРО-ДПМНЕ вчера во знак на протест поради притворените пратеници ја блокираше еден час границата, при што дошло до туркање и инцидент со полицијата. Приведен е еден демонстрант, а еден полицаец бил повреден.

Инцидент на преминот Tабановце, на македонскиот дел од границата. ВМРО-ДПМНЕ вчера во знак на протест поради притворените пратеници ја блокираше еден час границата, при што дошло до туркање и инцидент со полицијата. Приведен е еден демонстрант, а еден полицаец бил повреден.
ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот на полицијата врз демонстрантите кои мирно протестираа, пишува во соопштението на партијата. Нападот од полицијата под контрола на Спасовски, велат во ВМРО-ДПМНЕ е уште еден доказ на полициската хунта и заробената држава.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, синоќа во кумановската болница го посети полицаецот кој беше повреден при протестот на граничниот премин Табановце. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски потврдил за МИА дека во инцидентот е приведено едно лице за напад на полициски службеник.
