Коѕиас: Потребен е компромис за името и од двете држави
20.12.2017 10:21
Поранешната југословенска Република Македонија мора да покаже култура на консензус и компромис, ниту ние, ниту тие ќе добијат сѐ- вели Коѕиас.

Потребен е компромис за името и од двете држави за да го издржи тестот на времето, изјави за грчката телевизија ЕРТ, министерот за надворешни Никос Коѕиас.
Поранешната југословенска Република Македонија мора да покаже култура на консензус и компромис, ниту ние, ниту тие ќе добијат сѐ- вели Коѕиас.
Тој се надева дека разликата околу името ќе се надмине наредната година, а нашата земја не смее да биде заложник на минатото.
