Музика
„Ѕвона“ - прв сингл од претстојниот албум на Каролина Гочева
20.12.2017 10:56
Се надевам дека ќе уживате во нашава топла приказна, прва од новиот албум што за Вас со огромна љубов го подготвуваме, вели Каролина.
Во пресрет на Новогодишните празници нашата поп-ѕвезда Каролина Гочева ја објави песната „Ѕвона“ - нов сингл од претстојниот албум, кој треба да излезе кон средината на февруари 2018-та година.
Музиката и аранжманот се на Никола Мицевски, текстот е на Весна Малинова, додека спотот е во режија на Огнен Шапковски - Мелем Продукција.
Се надевам дека ќе уживате во нашава топла приказна, прва од новиот албум што за Вас со огромна љубов го подготвуваме, вели Каролина.
Видеото за новиот сингл „Ѕвона“ е објавен на официјалниот YouTube канал на Каролина.
