ЕК ќе ги претстави условите за продолжување на преговорите за Брегзит
20.12.2017 11:34
Разликите околу идните трговски односи, статусот на државјаните на ЕУ во Велика Британија, британскиот долг кон Брисел и границата со Република Ирска долго време го попречуваа финализирањето на првата фаза од преговорите...

Европската комисија денеска треба да ги претстави условите со кои се бара исполнување од Велика Британија за продолжување на преговорите за Брегзит.
Разликите околу идните трговски односи, статусот на државјаните на ЕУ во Велика Британија, британскиот долг кон Брисел и границата со Република Ирска долго време го попречуваа финализирањето на првата фаза од преговорите, што беше надминато во почетокот на месецов.
