ЕУ: Полска би можела да го загуби правото на глас
ЕУ оценува дека полската влада ја поткопува независноста на судството и се обидува да го стави под своја контрола судскиот систем во земјата.

Европската комисија денеска би можела да почне процес за одземање на правото на глас на Полска во рамки на институциите на ЕУ. Најавата доаѓа во време на кулминација на повеќемесечните тензии меѓу Брисел и Варшава, во врска со законите за судскиот систем што ги спроведува конзервативната популистичка влада на Полска.
ЕУ оценува дека полската влада ја поткопува независноста на судството и се обидува да го стави под своја контрола судскиот систем во земјата.
Одлуката за одземање на правото на глас на Полска би можело да биде блокирано од страна на Унгарија, која важи за еден од најблиските сојузници на Варшава во Унијата.
