Фудбал – Лига на шампиони

Гостите повторно сигурни!

19.02.2014 23:38

Ниту Олимпијадата не може да ја засени атрактивноста на фудбалската Лига на шампионите.

Елитатата е  во осминафинална фаза во којашто мора да има поуспешен, а тоа по половина од првата нокаут рунда  се гостите коишто остварија четири победи и тоа без примен гол. Во втората вечер, Баерн Минхен славеше против Арсенал, а Атлетико Мадрид се радуваше на триумф во првиот меч со Милан.

Арсенал загуби од Баерн затоа што не ја искористи почетната иницијатива во којашто Озил промаши пенал во деветтата минута откако беше соборен од Боатенг. И актуелниот европски шампион не искорити удар од белата точка, но извлече позитивен елемент по стативата на Алаба во црвениот картон на домашниот голман Шчешни. За победа погодија Лрос во 54-тата и Милер во 88-та минута.

По 17 години, Атлетико Мадрид има шанса да се најде меѓу најдобрите четири европски екипи. Тоа го најави со победоносниот погодок на Диего Коста на Сан Сиро против Милан во 83-тата минута. Реваншите од овие дуели ќе се одиграат на 11 март.

 

Лига на шампиони – осминафинале

Aрсенал – Баерн Минхен                 0:2

Милан – Атлетико Мадрид             0:1

Манчестер Сити – Барселона          0:2

Баер Леверкузен – ПСЖ                  0:4

 

25 февруари

Зенит – Борусија Дортмунд

Олимпијакос – Манчестер Јуанјтед.

26 февруари

Галатасарај – Челзи                           20.45 МРТ1

Шалке – Реал Мадрид