Седници на Извршниот и на Цетрналниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
Се претпоставува дека една од темите ќе биде презакажувањето на вонредниот конгрес закажан за 23-ти декември во Валандово, откако 30-мина еминентни партиски функционери побараа негово одложување за 24-ти и 25-ти февруари наредната година.

Денеска и утре треба да се одржат нови седници на Извршниот и на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Се претпоставува дека една од темите ќе биде презакажувањето на вонредниот конгрес закажан за 23-ти декември во Валандово, откако 30-мина еминентни партиски функционери побараа негово одложување за 24-ти и 25-ти февруари наредната година.
Според нив одржувањето на конгресот во декември ќе биде нетранспарентно и тие сметаат дека би бил нелегитимен. Во писмото на овие членови на ВМРО-ДПМНЕ се предлага и колективно претседателство од три до пет члена што треба да раководи со партијата до одржувањето на конгресот во февруари.
