ОН: Русија - окупаторска сила на Крим
20.12.2017 13:56
За резолуцијата, што ја предложи Украина, гласаа 70 држави, 26 беа против, а 76 се воздржаа од гласање. Со резолуцијата се осудува „привремената руска окупација на украинската територија Крим“.

Генералното собрание на Обединетите Нации усвои резолуција со која ја прогласи русија за „окупаторска сила“ на Крим и го осудува кршењето на човековите права на полуостровот.
За резолуцијата, што ја предложи Украина, гласаа 70 држави, 26 беа против, а 76 се воздржаа од гласање. Со резолуцијата се осудува „привремената руска окупација на украинската територија Крим“.
Генералното собрание на ОН слична резолуција усвои и во декември 2016 година.
