Предлог- законот за ратификација на Договорот со Бугарија испратен во Собранието
Договорот за добрососедство со Бугарија, по вчерашното усвојување на владина седница, денеска испратен во Законодавниот дом. Договорот беше потпишан на први август од премиерите на Македонија и на Бугарија, Заев и Борисов. Венко Филипче е владиниот предлог за нов министер за здравство...

Владата го утврди Предлог- законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија. Доставен е до Собранието, изјави портпаролот Бошњаковски.
„Го разгледавме и го утврдивме предлог- законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработа меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Доставен е до Собранието, очекуваме понатамошната постапка да заврши наскоро“, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Владиниот гласноговорник потврди дека Венко Филипче е предложен за министер за здравство, а се очекува, како што рече тој, другите коалициски партнери да ги достават нивните предлози за другите испразнети места. Сите во пакет, премиерот Заев ќе ги достави до Собранието.
Бошњаковски информираше дека по предлог на Министерство за транспорт и врски, Владата донела одлука за изменување на Уредбата за висината на цената на градежното земјиште сопственост на Република Македонија и висината на посебните трошоци за спроведување на постапките за отуѓување и давање под закуп.
Владата ја усвои и информацијата за Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии 2018- 2021 година. Со новоформираниот Совет за реформа на јавната администрација ќе раководи премиерот Заев.
Игор Панов
