Битолскиот Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас доби сензорна соба
Сензорна соба, досега малку познат поим во здравствто. Со неа исполнет дамнешниот сон на битолскиот Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас „Кочо Рацин“. Инвестицијата од околу 15.000 евра е донација од Германската амбасада и општина Битола...

Сензорната интеграција е сложен невролошки процес и ги опфаќа сите седум сетила. Сензорна соба е поделена на два дела светла и темна, во зависност кој сетила сакаме да ги стимулираме. Разновидната софистицирана опрема на терапевтот му овозможува правилно да ја регулира или дозира односно да биде со послаб или појак интензитет, и фукусот за време на тртманот да биде ставен на едно или повеќе сетила вели вели дипломираниот дефектолог, Валентина Славковска.
„За секое дете е индивидуално и самата терапија се прдвидува да биде индивидуалана и се оди според можностите и моменталната емотивна состојба на детето. Меѓутоа доколку сензорниот профил се поклопи, може да се направи и групна терапија“, вели терапевтот по соларна интеграција, Валентина Славковска.
За единствената институција од ваков вид во земјава, оваа новина значи и заокружување на потребните современи помагала и техники.
„Оваа соба ќе значи поддршка во рехабилитацијата, тоа е еден современ тренд посебно во рехабилитацијата на децата со аутизам и мулти хендикеп“, изјави директорката на заводот, Маре Стојменовска- Мицевска.
Вкупната инвестиција изнесува 15.000 евра. Со донација од 5.000 евра на општина Битола, се опреми темната соба, а околу 6.000 евра обезбеди и Германската амбасада.
„Кога од Заводот ни се обратија за помош ние веднаш дојдовме и не требаше долго време да заклучиме дека помошта ќе оди во вистински раце“, вели претставничката од одделот за економска соработка при Германската амбасада, Марина Серафимовска.
Во ова јавна установа во моментов се рехабилитираат 76 деца од кои половината се интернатски сместени, а се на возраст од четири до 17 години.
Стевче Митревски
