ВМРО-ДПМНЕ: На Табановце невидена полициска бруталност

20.12.2017 15:07

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека едно лице било неправедно приведено и неправно задржано во полициската станица. Партијата организираше протест пред Основниот суд во Куманово.

Вчера на уредно најавен и организиран протест од ВМРО-ДПМНЕ на Табановце, се случи невидена полициска бруталност, велат од опозициската партија. Тврдат дека едно лице било неправедно приведено и неправно задржано во полициската станица. Партијата организираше протест пред Основниот суд во Куманово.

„Денеска се собравме тука да го изразиме овој револт против полициската бруталност и против се она што се случуваше од страна на полициските сили и воедно апелираме и бараме од Судот веднаш да биде ослободено лицето кое е долгогодишен член и активист и виден граѓанин на овој град Куманово“, изјави Марио Цветковски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Лицето е неправно задржано во полициската станици и нема никакви причини и аргументи од оние кои што се изнесуваат во јавноста, велат од опозициската партија.