Ѓорчепетровци добија нова полициска станица

20.12.2017 15:16

Создавањето подобри услови за работа, инвестирањето во техниката и во човечки ресурси се гаранција за безбедност на граѓаните, порача министерот Спасовски при денешното отворање на обкјектот.

Нова полициска станица во Ѓорче Петров за која се издвоени 44 милиони денари. Дел од просториите ќе ги користи и противпожарната единица од оваа општина. Создавањето подобри услови за работа, инвестирањето во техниката и во човечки ресурси се гаранција за безбедност на граѓаните, порача министерот Спасовски при денешното отворање на обкјектот.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој потпиша Меморандум за соработка за пробна примена на комуникацискиот систем Тетра со министерот Спасовски, рече дека овој објект е од голема важност за градот, меѓу другото, и поради тоа што во просториите ќе биде и Противпожарната единица од овој реон во која ќе бидат сместени три противпожарни возила со пожарникари кои ќе ги опслужуваат.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски информираше дека на местото на старите полициските бараки во општината ќе изгради паркинг простор за возилата од околните згради, додека пак просторот кај старата Противпожарна единица ќе биде преуреден во зеленило.