Германски „Кеслер“ ќе инвестира во Бунарџик
На користење доби градежно земјиште со површина од 1,3 хектари. Со работа е предвидено да почне крајот на 2018-та година, а производите ќе ги пласира на германскиот пазар...

Германската компанија „Кеслер“ ќе инвестира во Бунарџик. Потпиша договор за изградба на капацитет во слободнат зона за произведство на електромотори. На користење доби градежно земјиште со површина од 1,3 хектари.
Треба да воспостави и Центар за заеднички и инжинерски услуги и за развој на нови производи на компанијата во Македонија. Со работа е предвидено да почне крајот на 2018-та година, а производите ќе ги пласира на германскиот пазар.
Се планираат најмалку 80 работни места во наредните три години, машински и електро инжинери, како и друг висококвалификуван кадар.
Компанијата веќе скенира домашни добавувачи за набавка на потребните суровини за производство.
