Почнува зимата

21.12.2017 10:18

Метеоролозите за првиот зимски ден најавуваат сончево и студено со мала локална облачност и слаб северен ветер. Минималната температура ќе се движи од -11 до -5, а максималната од -1 до 5 степени...

Попладне во 17 часот и 28 минути на северната хемисфера почнува календарски зимата, а на јужната летото. Зимата ќе трае 89 дена, до 20-ти март, во 17 часот и 15 минути.

Утрово во Скопје беа измерени минус два степена, а најстудено било во Маврово, со минус 11 степени целзиусови. Има и снег, најмногу на Маврово, за почеток на зимата скромни 12 сантиметри.