Предвремени регионални избори во Каталонија
21.12.2017 10:27
Каталонија на први октомври одржа референдум за независност и покрај противењето на централните власти.

Граѓаните на Каталонија решаваат дали ќе ги поддржат партиите кои се за независност. Нивниот обид за сецесија од Шпанија заврши со сменување на регионалните власти, воведување директна управа од Мадрид и вонредни избори.
Каталонија на први октомври одржа референдум за независност и покрај противењето на централните власти.
Сменетиот лидер Карлес Пуџдемон од Брисел ја водеше предизборната кампања.
