Седници на четири собраниски комисии
Седници ќе одржат четири парламентарни тела, комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за транспорт, врски и екологија, за труд и социјална политика и законодавно- правната комисија.

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат четири парламентарни тела, комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за транспорт, врски и екологија, за труд и социјална политика и законодавно- правната комисија.
Комисија за труд и социјална политика ќе ги разгледа Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Предлог- законот за изменување на Законот за работните односи и Предлог-законот за остварување право на пензија за работниците во рударството, сите во прво читање .
Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправаат за предлог-законите за изменување на законите за електронските комуникации и за основање на Македонска академска истражувачка мрежа, двата во прво читање, како и за Предлог-законот за урбано зеленило во прво читање, поднесен од група пратеници.
