Времена измена на сообраќај на патот Кичево- Охрид
21.12.2017 10:01
Како што соопшти „Македонија пат“, за воведувањето на измената веќе е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Времена измена на сообраќајот со преминување од една коловозна лента во друга, е воведена денеска на магистралниот пат Кичево- Охрид, на делницата од Пресека до Песочан.
Како што соопшти „Македонија пат“, за воведувањето на измената веќе е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Според известувањето добиено од изведувачот на градежните работи, овој режим на сообраќај ќе трае до нивното завршување.
