Србија

Откирени 80 килограми марихуана во македонски камион

21.12.2017 13:10

Уапсен 69- годишен македонски државјанин, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.

Српската полиција кај Владичин Хан заплени околу 80 килограми марихуана, скриена во камион со македонски регистарски таблички. Притоа, е уапсен 69- годишен македонски државјанин, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.

Во резервоарот и во други празни места од камионот имало 131 пакет марихуана, со вкупна тежина од околу 80 килограми.