Македонија- дестинација за германскиот бизнис
20.02.2014 10:24
Вицепремиерот Владимир Пешевски, истакна дека постојат уште голем број компании од повеќе индустрии, не само од автомобилската, кои би можеле да ја препознаат Македонија како нова инвестициска дестинација...
„Најголемите работодавачи кои отвараа нови работни места во изминатиот период доаѓаат токму од Германија. Затоа го ставаме акцентот на овој регион, бидејќи сметаме дека постојат уште голем број компании од повеќе индустрии, не само од автомобилската, кои би можеле да ја препознаат Македонија како нова инвестициска дестинација“, истакна вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски по бизнис форумот кој вчера се одржа во Минхен во органзација на макеоднската влада и групацијата „Фајненшал тајмс“.
Пешевски како добри примери ги посочи германските копании кои досега инвестирале во Македонија и отвориле неколку илјади нови работни места, како Кромберг и Шуберт, Дреклсермајер и Маркарт, последната инвестиција од овој регион.
„Сметаме дека сега е вистинско време кога веќе неколку компании покажале дека Македонија е местото каде што може да се инвестира, дополнително да го засилиме притисокот и активноста и тоа да резултира со нови инвестиции и конечно со отворање нови работни места во Република Македонија“, порача Пешевски од Минхен.
Тој објасни дека не случајно овој германски град е избран за презентирање на македонската инвестициска клима на бизнис форум, бидејќи Баварија е еден од индустриски најразвиените делови на Германија и регион кој изобилува со огромен број индустриски компании кои, како што истакна, би можеле да ја препознаат Македонија како инвестициска дестинација.
