Пониски цени на земјиштето за пензионерски, детски и студентски домови

21.12.2017 13:14

По 70 денари квадратен метар ќе можат да го купат правните субјекти што дооформуваат градежна парцела за изградба на објекти од социјален карактер, за згружување стари лица и деца без родители или за капацитети за сместување на ученици и студенти.

За 23 пати пониски цени на за отуѓување државно градежно земјиште во 58 општини со непосредна спогодба. По 70 денари квадратен метар ќе можат да го купат правните субјекти што дооформуваат градежна парцела за изградба на објекти од социјален карактер, за згружување стари лица и деца без родители или за капацитети за сместување на ученици и студенти.

Одлуката за намалување на цената е дел од нашите реформски цели со кои сакаме да го стимулираме градежниот сектор. Истовремено ова е значајна социјална мерка со која ќе се овозможи згрижување и подобрување на условитре за домување и престој, изјави министерот за транспорт и врски, Сугарески. Додаде дека со оваа мерка исто така ќе се стимулира приватниот сектор, ќе се привлечат нови инвеститори, а ќе придонесе и за локален економски раст и порамномерен развој во државата.

Досегашните цени, кои за овие реони изнесуваа од 1.600 до 400 денари за населено и воннаселено место, во различни општини. Одлуката за законските корекции на цените за градежно земјиште и постапките за негово отуѓување Владата ги донела на последната седница.