Бистис: Неодржливи се разликите во владината коалиција во однос на името
Никос Бистис, поранешен заменик- министер за внатрешни работи за време на владеењето на Костас Симитис, смета дека се неодржливи разликите во владината коалиција во однос на името.

Различните ставови меѓу коалциските партнери во грчката влада во однос на суштинско прашање од надворешната политика, како што е спорот за името, едноставно се неодржливи, особено во сегашните позитивни околности, што се создадоа во однос на можноста за надминување на спорот, коментираат денеска грчките медиуми.
Како што пренесува МИА, Никос Бистис, поранешен заменик- министер за внатрешни работи за време на владеењето на Костас Симитис, смета дека се неодржливи разликите во владината коалиција во однос на името.
Бистис, во свој осврт за Протагон.гр на состојбите во грчката владина коалиција во однос на спорот со името потсетува дека Коѕијас веќе напоменал дека времето за Грција изминува, не само во однос на решавањето на спорот со името, туку и во однос на кипарското прашање, што е отворено уште од 1974 година.
Овие две прашања, како што се наведува во текстот создаваат дисбаланс во дипломатијата на Грција, а авторот напоменува дека сите во Грција треба да имаат предвид дека околу 140 земји веќе го признале северниот сосед под името Македомнија.
