Честитка од Иванов по повод Денот на наставата на турски јазик
21.12.2017 13:24
Претседателот Иванов упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Македонија.

По повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик- 21 декември, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Македонија.
„Одбележувањето на овој празник е симбол на почитта на Македонија кон турскиот народ, култура и идентитет. Живеејќи заедно, почитувајќи ги овие културни различности, сите ние придонесуваме за зајакнување на општеството и градење на подобар живот за сите“, истакнува претседателот Иванов во честитката.
