НБРМ: Продолжува поддршката на нето извозниците
НБРМ очекува банките да продолжат со активна кредитна поддршка на овие компании преку широка понуда на нови кредитни производи и поповолни каматни стапки.

На денешната седница Советот на Народна банка одлучи повторно да ја продолжи примената на нестандардната мерка за намалување на основата за задолжителна резерва во денари за деловните банки за износот на новоодобрени кредити на нето извозници и на домашни производители на електрична енергија за дополнителни две години.
НБРМ очекува банките да продолжат со активна кредитна поддршка на овие компании преку широка понуда на нови кредитни производи и поповолни каматни стапки.
Народна банка соопшти дека за првпат по шест години раст, лани добивката на банкарскиот сектор забележала пад, но и натаму е на солидно ниво.
Кредитниот раст од 0,3 насто во третиот квартал е побавен во однос на претходниот и произлегува од зголемувањето на кредитите на домаќинствата, се вели во соопштението на Народна банка.
