Метео: Сончево и студено, температура до седум степени

21.12.2017 15:26

Во сабота ќе настапи зголемување на облачноста со засилен северен ветер и со врнежи од снег повеќе на планините и во северните делови од земјата.

Утрешниот ден во Македонија ќе донесе сончево и студено време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Температурата ќе достигне до максимални седум степени. Во сабота ќе настапи зголемување на облачноста со засилен северен ветер и со врнежи од снег повеќе на планините и во северните делови од земјата.

Во наредните денови се очекува позначителен пораст на дневните температури.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска