Светска банка со финансиска поддршка за општините

21.12.2017 15:53

Пет милиони од Светска банка за околу 20- ина општини во земјава. Парите ќе бидат намените за капитални инвестиции што треба да го подобрат животот на граѓаните. Локалните власти кои изготвиле проекти велат проблеми има многу, но не секогаш се наоѓаат средства за нивно решавање. Парите од Светска банка ќе ги искористат за изградба на водови, пречистителни станици, локални патишта, градинки.

Општините имаат потреба од изградба на водоводи, локални патишта, пречистителни станици, градинки, но недостигаат пари во буџетот за реализација на проектите. Во услови кога не можат самите да обезбедат средства, алтернатива се гледа во грантови и кредити од меѓународните организации.

Според експертите, на општините им е неопходна оваа финансиска поддршка, која значи развој на локалната самоуправа и подобрување на услугите.

Искуствата покажуваат дека голем број проекти се реализирани со пари од Светска банка. Општините Струмица и Крива Паланка, поради претходните искуства, повторно аплицираат за финансиска помош.

Проектот на Светска банка за развој на локалната самоуправа тежи пет милиони евра. Ќе бидат финансирани 20-ина општини.

 

Викторија Милевска