Тројца приведени за убиството во Чаир
Приведени тројца осомничени за убиството во Чаир. Пронајдено е возилото од кое е стрелано. Собрани се докази, Министерството за внатрешни работи на расветлување на мотивите...

Полицијата привела тројца осомничени за убиството во Чаир. Најдено е возилото „Југо“ од кое е извршено убиството. Од местото на настанот се подигнати 20 чаури, четири зрнца и два мобилни телефона, информира министерот за внатрешни работи Спасовски. Се разговарало и со роднините, пријателите и луѓето кои биле во контакт со убиениот.
Од скопското Обвинителство информираа дека јавен обвинител заедно со екипа од крим техника извршиле увид на местото каде што беше застрелано 24- годишното момче, во непосредна близина на неговиот дом. Според првичните сознанија од Обвинителството пукањето следело по вербална расправија, по што сторителот посегнал по огнено оружје, го застрелал момчето и избегал.
Првиот човек во МВР уверува дека полицијата работи на откривање и приведување на извршителите на убиствата кои се случија во изминатиот месец. Рече дека работат на обезбедување на убиецот на младиот Мартин Јанушев, но и на откривање на убиствата во Струга и во Чаир.
Наташа Гркова- Петрушевска
