Медиуми
Поделеност околу потребата од измени на Законот за медиуми
21.12.2017 16:52
Медиумските работници поделени во ставовите за нов Закон за медиуми. Владата очекува предлози и решенија до крајот на јануари...

Поделеност за потребата од измени на законот за медиуми. Медиумските работници кои сметаат дека нема потреба, велат дека повеќе закони значат помалку слобода за медиумите. Дел сметаат дека треба да има регулација на он-лајн медиумите.
Од Владата велат дека целта на дебатата е да се слушне медиумската фела дали е потребна измена на законот и да ги слушне решенијата за проблемите како што се „лажните вести“.
До крајот на јануари на адреса на министерствата за информатичко општество и за отчетност може да се доставуваат мислења и предлози.
Ана Јосифоска- Тодоровска
