Чавушоглу: Поддршка за интеграциите на Република Македонија во НАТО и во ЕУ
Пријателството меѓу двете земји се одразува преку бројот на турските инвестиции во Македонија, со соработка во одбраната и министерствата за внатрешни работи, соопштуваат од кабинетот на премиерот.

Македонија заслужува да стане членка на НАТО, и наскоро да добие датум за преговори со ЕУ, оценил турскиот вицепремиер Хакан Чавушоглу при средбата во македонската влада со премиерот Зоран Заев.
Пријателството меѓу двете земји се одразува преку бројот на турските инвестиции во Македонија, со соработка во одбраната и министерствата за внатрешни работи, соопштуваат од кабинетот на премиерот.
Реформите во општеството ќе придонесат во остварувањето на стратегиските цели за евроатлантски интеграции на Македонија во 2018-та, истакнал Заев на средбата.
Соговорниците споделиле информации и за економската и за трговската размена меѓу Македонија и Турција, како и за справувањето со тероризмот и радикализмот.
При средбата со вицепремиерот Чавушоглу, македонскиот претседател Ѓорге Иванов укажал на севкупните релации со пријателска Турција, како долгогодишен и стратегиски партнер на Република Македонија.
