Каталонија: Сепаратистите освоија мнозинство во Парламентот

22.12.2017 09:16

Трите каталонски партии кои се залагаат за независност на регионот од Шпанија, заедно освоија 70 претенички места во Парламентот, што брои 135 пратеници...

Каталонските сепаратистички партии освоија тесно мнозинство во регионалниот Парламент на Каталонија, покажуваат прелиминарните резултати врз основа на 99 отсто преброени гласови од вчерашните вонредни избори.

Трите каталонски партии кои се залагаат за независност на регионот заедно освоија 70 претенички места во Парламентот, што брои 135 пратеници.

Коалицијата на поранешниот претседател на регионалната Влада Карлес Пуџдемон, Заедно за Каталонија, освои 34 места, Републиканската левица на Каталонија (ЕРЦ) - 32, а екстремно левичарската партија Кандидатура за народно единство (ЦУП) - четири пратеници.

На изборите најмногу гласови доби Центристичката партија- Граѓаните, која е против независноста на Каталонија, освојувајќи 37 места во Парламентот.

Резултатите, од вчерашните вонредни регионални избори, се оценуваат како удар за шпанскиот премиер Маријано Рахој, кој ја разреши каталонската Влада и распиша вонередни избори, надевајќи се дека политичарите кои се залагаат за независност ќе останат надвор од власта во Каталонија.