Судот во Солун ќе ја објави одлуката за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски
Освен за екстрадицијата, Грујевски и Бошковски имаат уште два други процеса во Грција.

Денеска се очекува судската пресуда во Солун за екстрадицијата на поранешните разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошкоски, обвинети во случајот „Таргет- Тврдина“ на СЈО.
Пресудата за екстрадицијата следува по рочиштето одржано во средата, на кое што сведочеше поранешниот претседател на комисијата за справување со дискриминација, Александар Даштевски.
Освен за екстрадицијата, Грујевски и Бошковски имаат уште два други процеса во Грција. Едниот е за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром, при обид да заминат за Будимпешта. Судењето по три одложувања ќе се одржи на 17-ти мај следната година. Другиот случај е по поднесеното барање за азил на 29-ти ноември.
Грујевски и Бошковски во меѓувреме остануваат во притвор во близина на Солун.
