Поглаварот на МПЦ-ОА се сретна со бугарскиот патријарх Неофит
Архиепископот Стефан според Бугарската новинска агенција, вели дека едногласно е прифатено од нашиот свет синод, Бугарската патријаршија да биде Црква-мајка.

Прва средба меѓу македонскиот архиепископ Г.Г. Стефан со бугарскиот патријарх Неофит во Софија. Треба со божја премудрост да се донесе резултатот што го сакаме- изјавил Неофит, дополнувајќи дека не е лесен сегашниот крст што го носи бугарската црква.
Архиепископот Стефан според Бугарската новинска агенција, вели дека едногласно е прифатено од нашиот свет синод, Бугарската патријаршија да биде Црква-мајка.
Најважно е што решава мнозинството- дополнува поглаварот на МПЦ-ОА за што во синодот има и различни размислувања.
Архиепископот бил придружуван од Митрополитот Преспанско-пелагониски, Петар.
