Премиерот Заев доби покана од британската премиерка Меј за јулскиот самит во Лондон

22.12.2017 13:03

Меј наведува дека целта на самитот е да се поддржат земјите од регионов во нивната посветеност за добрососедски односи, регионална соработка и адресирање на предизвиците во интегративните процеси.

Амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Чарлс Гарет му врачи писмо на премиерот Заев од „Даунинг Стрит број 10“. Шефицата на Британската влада, Тереза Меј го покани да учествува на јулскиот самит во Лондон за Западен Балкан, што е дел од Берлинскиот процес.

Меј наведува дека целта на самитот е да се поддржат земјите од регионов во нивната посветеност за добрососедски односи, регионална соработка и адресирање на предизвиците во интегративните процеси.

Главниот фокус ќе биде меѓусебното поврзување, енергетиката, дигитализацијата и претприемништвото, како и справувањето со корупцијата, организираниот криминал, движењето на луѓе и стоки, тероризмот и насилниот екстремизам.

Меј во писмото порачува и дека Британија го поддржува евро-атлантскиот пат на регионот.