Влада на РМ

Исклучените домаќинства од централно градско греење нема да плаќаат паушал во 2018-та

22.12.2017 13:49

Проблемот со кој се соочуваат граѓаните Владата предвиде да го реши во рамки на новиот предлог Закон за енергетика, се наведува во владиното соопштение...

Македонската Влада тврди дека исклучените домаќинства од централното градско греење од наредната година нема да плаќаат паушал. Планот е ова прашање да се реши во рамките на новиот Предлог- закон за енергетика.

Од Владата информираат дека во подзаконските акти на Законот за енергетика, кој ќе се воведе во текот на 2018-та година, се предвидени специфични решенија со кои во рамките на законската регулатива ќе се реши наследената ситуација.

Уставниот суд, пак, во средата ја офтли поднесената иницијатива од здружението „Но пасаран“, кое побара да не се плаќа надоместок за парно.

Се проценува дека околу 12 илјади домаќинства се исклучени од системот за снабдување со топлинска енергија, кои плаќаат паушал во зависност од површината на станот.