Коридорот 10 од витално значење за Македонија
Коридорот 10 е од витално значење за земјава. Сепак, до крајот на идната година треба да се заврши железничката линија меѓу Битола и Лерин до Кременица. Значаен е и кракот од автопатската делница Градско- Прилеп. Науката од Техничкиот факултет предлага можности за забрзување на работите на двата коридора...

Експертите од Техничкиот факултет и релевантните државни фактори тргнуваат во систематско решавање на патната и на железничката инфрастуктура на Пан Европскиот Коридор 10, којшто е од витално значење за економскиот развој на земјава. Академската заедница вели оти е подготвени да партипицира со својот научен и стручен потенцијал во изготвувањето на проектите и нивната ревизија, и да гарантира дека ќе се исполнат потребните стандарди.
„Европската унија налагаше патните правци на коридорот да бидат на ниво на автопатишта, а пругите на ниво на современа железница. Што ние ќе направиме зависи само од нас, а нажиот јужен сосед до граница веќе го изгради автопатот“, вели проф. д-р Верица Данчевска.
„Бидејки е на тромеѓе, овој регион има и одлична стратешка положба. Но постои и еден парадокс во изминатиов период и Грција и Албанија покажуваа силен интерес за инфраструктурен развој само од наша страна постоеше голема пасивност“, вели проф. д-р Тале Герамитчиоски.
Изградбата на патната и железничката инфраструктура е примарна цел на Владата, изјави министерот за транспорт Сугарески. Вели дека посветеноста кон овој коридор може да се види преку потпишаните договори за патниот првец Градско- Прилеп. Се договара динамика на проектната документација за експресниот пат Прилеп- Битола- грчка граница. До крајот на идната година треба да финишира и железничката линија Битола- Кременица, вели ресорниот министер.
„Дел од средствата ќе ги обезбедибе преку ИПА фондовите и тоа ќе биде олеснување за буџетот. Јас бев еден кој бараше раскинување на договорот со Бугарите, но и да продолжи да се први со цел на големиот економски интерс што го имаме со Република Грција“, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
На новинарско прашање дали ќе има одговорност за малверзациите во претходниот зафат, Сугарески вели дека тоа им го остава на истражните органи и дека од нивна страна се доставуваат сите документи поврзани со овој случај.
Стевче Митревски
